Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, најави денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14 часот ќе стигнат од сите болници од државата, каде се примаат пациенти на тријажа и ќе почне процесот на изработка прво на изолација на вирусот, а после и идентификација и околу 21, 22 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат тој ден.
Имајќи го предвид капациетот, просекот на пациенти кои се јавуваа во другите болници, сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија, додаде Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.