Од денеска треба да започне скринингот на одредени категории групи на граѓани за Ковид-19. Први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица.

За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита“, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Владата вчера донесе одлука за олеснување на рестрикциите, кои ќе се одвиваат во три фази. Вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во земјава, според податоците од вчера, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 оздравеле, 92 лица починале, а активни случаи има 377.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.