Граѓаните кои не можат да дојдат до лекови кои досега ги набавувале од странство гневни на Филипче и на Димитров.
За жал како и за се останато во државава, НЕМА КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИШ!
Пред некој ден пишав за инфо дали можеби некој знае како да се дојде до лек од странство поради затворени граници, освен пријатели/познаници кои ги искористија своите контакти за да дојдеме до заклучок дека е невозможно, тие кои треба да дадат одговор молчат.
1. Му се обратив на министерот Димитров (немам ниту seen)
2. Напишав официјален допис преку email до МНР на адресата која им е оставена за контакт за хуманитарните летови надевајќи се дека барем тој mail го читаат. Добив едно големо НИШТО.
3. Денес на министерот Венко Филипче му поставија прашање за оваа проблематика но тој не даде одговор т.е ги остави сите на цедило.Почитувани министри Nikola Dimitrov и Venko Filipce дали знаете колку лица зависат од овие лекарства заради тоа што листата на лекови во ФЗОМ не е прегледана повеќе од 10 години, па сме приморани да ги набавуваме од странство како знаеме и умееме?
Нашето семејство може да претрпи сериозна материјална штета, бидејќи прекинот на терапија ќе не врати наназад со лекувањето. НО❗ Некој го нема луксузот да претрпи материјална штета и може да резултира со катастрофални последици.
Деновиве не ви излегува зборот #Здравје од уста и како здравјето е обврска на сите. Да си го чуваме треба така? Од името на сите засегнати лица, ве замолувам да ни овозможите услови истото да продолжиме да си го чуваме.
Мојот предлог до министерот беше да ми се овозможи транзит до соседна земја (Бугарија, Грција) и со придружба да отидам до најблиската аптека за да ги подигнам со рецепт потребните лекарства. Се нафаќам тоа да го направам за секој кој ќе има потреба во тој момент, без никаков проблем.
Уште еднаш им се заблагодарувам на сите кои се јавивте, прашавте, исконтактиравте ваши блиски за да дојдеме до решение 🙏 Бескрајно сум ви благодарен.
Споделувајте, препраќајте го ова кај секој кој мислите дека би можел да помогне. Можеби ќе успееме да направиме исчекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.