Вработена во британски железници почина од коронавирус, откако на неа плукнало непознато лице додека работела на станицата Викторија во Лондон, соопшти Здружението за вработени во сообраќајот (ТССА).

Бели Муџинга (47) и нејзината колешка биле на работа на 22 март кога непознато лице плукнало во нив и намерно им кашлало. Непознатиот сторител потоа рекол дека е заразен со коронавирус. Муџинга почина две недели подоцна, на 5 април.

Британската сообраќајна полиција објави дека започнала истрага за инцидентот, пишува Си-Ен-Ен.

Здружението на вработени во сообраќајот соопшти дека Муџинга страдала од хронични респираторни проблеми поради што претходно и била извршена операција. Од таму додаваат дека раководството било свесно за нејзината здравствена состојба и дека, дури и по инцидентот, Муџинга продолжила да работи до 25 март, кога нејзиниот доктор рекол дека мора да оди на боледување.

Муџинга и нејзината колешка се заразиле со ковид-19 многу брзо по нападот, или 11 дена по инцидентот. Муџинга била пренесен во болницата Барнет и сместена на респиратор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.