Ова е пунктот за вакцинација во Куманово. Часот е 13 и 55 минути. Во секој момент се очекува да пристигне Претседателот Стево Пендаровски за да ја прими вакцината. Пред да пристигне, имаше граѓани кои со часови чекаа ред.

Претседателот пристигна точно во 14 часот, по што веднаш почнаа да ги повикуваат граѓаните кои чекаа ред.

Шефот на државата рече дека одбрал да се вакцинира токму во Куманово за да испрати порака дека сите вакцини се проверени и безбедни.

Пред две недели стартуваше масовната вакцинација во кинеската вакцина, но новинарите сѐ уште не се повикани, со исклучок на оние над 45 годишна возраст.

Извор: ТВ21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.