Позитивна листа на лекови ќе се менува првпат по пауза од десет години, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Следат уште неколку мерки, како менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови. Таа досега не е сменета повеќе од 10 години. Значи не само што обезбедуваме пристап до терапија, во следниот период значајно ќе го подобриме и квалитетот на лековите коишто се нудат, изјави Филипче.
Министерот за здравство во гостувањето во утринската емисија на Сител телевизија посочи дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот.
Со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт решен е проблемот со недостигот на лекови. Нема да има повеќе ниту паника, ниту турканици, ниту пак ќе има формирање на домашни аптеки. Ова е мерка во интерес директно на граѓаните. Конечно се спокојни дека до лек можат да дојдат во која било аптека, кој било ден од месецот. Се рационализира начинот на препишување и се воспоставува контрола. Во Фондот за здравствено осигурување веќе е во тек креирање на стратегија на т.е Electronic Health Record, софтверски систем којшто во себе ги обединува сите јавно-здравствени институции и сите податоци од пациентите во рамките на системот“, изјави министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.