Пациент од с.Оризари кај кого бил дијагностициран коронавирусот и бил со тешки компликации синоќа повеќе од 4 часа не можел да биде префрлен на скопските клиники. Драмата траела од 22:30 до 01:30 часот по полноќ. Семејството на 57 годишниот пациент до нас испрати реакција во која се вели дека со часови чекале докторите од Скопје да дозволат транспорт на нивниот роднина на некоја од скопските клиники. Од таму добивале одговор дека нема место и се преполни капацитетите. Тие започнале потрага да биде префрлен на приватна клиника но износот за десет дневен престој бил превисок, односно од приватната клиника добиле одговор дека треба да платат 15.000 евра. На крајот по неколкучасовни натегања и ургенции од семејството и велешките доктори од велешката болница конечно успеале да биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Инаку ова е прв случај на коронавирус кој се појавува во с.Оризари во Велес.
извор: Велес365
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.