Медицинското лице, Мајк Шулц (43) од Сан Франциско во март бил хоспитализиран поради Ковид-19, а неговата борба траела скоро два месеци…
Мајк Шулц (43) – медицински брат во Медицинскиот центар во Сан Франциско, во Калифорнија, на 10. март започнал да чувствува симптоми на коронавирус еден ден откако отпатувал во Бостон да се сретне со својот пријател. Тој бил хоспитализиран кон средината на март. Повеќе од шест недели бил на распиратор во болницата Сент Елизабет во Брајтон, Маса.
Најблиските на Шулц започнале со GoFundMe за да помогнат во покривањето на неговите медицински трошоци.

Сите ние сме свесни колку е скап престојот во болниците, се наведува на страницата за информирање. Покрај тоа, неможноста на Мајк да работи во ова време и за време на неговото закрепнување ќе предизвика огромен финансиски товар што тој не треба да го носи сам. Да помогнеме сите на овој неверојатен човек, колку што можеме – секој долар помага и многу ќе му значи.

По објавувањето на написите за Шулц, во американските медиуми, кој минал 57. дена во болница и успешно закрепнал, фондот за помош од 12.000 се зголемил на 20.000 долари.

После 57. дена минати во болница и на рехабилитација без можност за средби и посетители конечно си одам дома. Планирам и понатаму да продолжам да се опоравувам. Засекогаш сум благодарен за донациите, љубезните зборови и молитви. Искрено верувам дека токму тие ми помогнаа во мојата долга борба и стравови низ кои минував, рекол Мајк Шулц по излегувањето од болница на 15. мај.

Во своите исповеди Мајк Шулц признал дека откако бил ослободен од респираторот бил дезориентиран, не можел да ги движи нозете а учел и повторно да зборува…а додека бил во болница ослабнал 22,5 килограми.

Оваа фотка (десно) ја направив за да покажам колку престојот во болницата се одрази на моето тело после 6. недели минати на респиратор. Ме покажува како стојам што не бев во состојба да го направам во изминатите недели. Фотката лево ме покажува мене пред заразувањето со корона вирусот. Се надевам дека овие фотки на сите кои мислат дека не се под ризик ќе им ги отворат очите, апелирал Шулц за сите оние кои не веруваат во опасностите што овој вирус ги носи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.