Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) итно е префрлен во болница откако здравствената состојба му се влошила една недела откако дознал дека заболел од коронавирус.

Тој е префрлен во болница во познатото мексиканско летувалиште Акапулко.

Моментално е стабилен, успеал да ја надмине најкритичната фаза од вирусот и како што пишуваат шпанските медиуми, сега успешно заздравува. Доминго во неделата на својот Фејсбук профил објави дека е заразен со коронавирус.

Чувствувам дека е моја морална обврска да пријавам дека сум позитивен за Ковид-19, познат и како коронавирус. Јас и моето семејство сме изолирани и ќе останеме вака онолку време колку што медицински е потребно, напиша тој на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.