Пилешка супа или чај – кој е вистинскиот лек за настинка тешко е да се каже.
Нема потврдени докази дека пилешката супа навистина помага во борбата против настинките. Лабораториските испитувања назначуваат дека можеби има некаков антивоспалителен ефект, но тоа е недоволно за научен заклучок.
Но, пилешката супа без сомнежи има две предности за сите настинати. Прво, се консумира топла, а тоа помага за проток на слузта и подобрување на циркулацијата на крвта. Тоа ќе направи да се чувствувате барем малку подобро. Второ, добрата супа со многу зеленчук ќе ве снабди со потребните хранливи состојки и енергија. Тоа во одредена мера ќе го забрза закрепнувањето.
Истовремено, психолошката и физичката удобност која се јавува при консумирање на топла пилешка супа може да има и плацебо ефект.
Домашната содржи повеќе од пет вида зеленчук со висок процент на влакна, витамин Ц и антиоксиданси. Покрај тоа, супата не мора нужно да биде домашна за да ве снадби со хранливи материи – многу готови, па дури и конзервирани супи го имаат истиот ефект.
Домашната пилешка супа која содржи пилешко месо, многу зеленчук, магдонос, морков, лук, сол и црн бибер ја спречува активноста на белите крвни зрнца кои предизвикуваат воспаление. Исто така, консумирањето топла пилешка супа поттикнува излачување назален секрет иако ефектот на одзатнување на носот трае само 30 минути, како и пиењето топла вода.
Сепак, според еден извештај од „УКЛА“ од 1998 година под наслов “Како да се справите со астмата и алергиите” стои дека “пилешката супа може да ја подобри способноста на ситните носни влакненца да спречат навлегување на заразни честички во организмот”.
Истото важи и за чаевите – освен потребната хидратација, тие немаат друга здравствена корист.
Постојат билни напитоци кои имаат јасен здравствен ефект, но тие бараат консумирање на одредена количина и концетрација, а тоа тешко ќе го пронајдете во просечна ќесичка чај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.