Пет пациенти дишат со помош на ресираторна машина, а 53 болни од ковид-19 се на кислородна поддршка, соопшти Министерствтото за здравство.
Во болниците во земјава има вкупно хопситализирани 412 пациенти со ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска четворица пациенти починаа од компликации предизвикани од ковид-19, 135 се новозаразени, а 142 се оздравени во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Починати се пациенти од Скопје, Тетово, Охрид и од Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.