Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови рак, кој се развива мошне брзо. Поради тоа, многу е важно да знаете да ги разликувате опасните бенки што може да се претворат во меланом:

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, односно со неправилна форма и има „искинати“ рабови, тогаш одете на лекар.

Заматен изглед: Границата на бенката е матна и нејасна. Не можете јасно да ги исцртате границите на таа бенка.

Боја: Нормалната бенка има еднаква боја, најчесто кафеава. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темнокафеава, бела или дури да има неколку бои одеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или поинаква боја на кожата.

Димензии: Нормалната бенка не е поголема од половина сантиметар. Меѓутоа, секоја поголема бенка не е меланом. Ако имате голема бенка задолжително одете на лекар, за престанете да се сомневате.

Чувствителност: Ако чувствувате непријатност кога ќе ја допрете бенката, ако ве чеша или боли – тоа може да е знак на меланом.

Што да правите понатаму?

Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенката, задолжително јавете се кај лекар. Немојте не паничете. Откривањето на меланомот во порана рана фаза е сосема излечиво. Статистиките велат дека меланомот во порана фаза е излечив во 98 отсто случаи.

Како да се заштитите од меланомот?

Прво прегледајте го своето тело и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го своето тело. Ако воочите каква било промена на бенките – јавете се кај лекар.
Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние што се издвојуваат или оние што се во пределот на пазувите, половината, градите… Не одбивајте ја оваа процедура, бидејќи оваа постапка е безболна и не остава траги на кожата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.