Само што почна да се наѕира крајот на корона-пандемијата, а се јави новиот делта-сој кој може да ги затвори границите на светот. Колку е оваа мутација позаразна од обичната корона и дали наесен, ако сме вакцинирани ќе бидеме доволно заштитени од делтата? Делтата веќе го има во 29 земји и се шири.

Во статија на Science Alert, дадени се 5 најбитни факти за делта-сојот, а за нив зборуваат епидемиологот Ф.Пери Вилсон од универзитетот Јеил и неговата колешка, инфектологот Инци Јилдирим.

1. Делта е позаразна од другите варијанти

Делта или Б. 1.617 е мутација на корона која е „најбрза и најсилна“, оценуваат од Светската Здравствена организација. Според д-р Вилсон од Јеил, ако со обичната корона едно лице ќе зарази 2 до 2,5 лица, со делта тоа лице ќе зарази 3,5 до 4 други луѓе.

Делтата се шири 50 проценти побрзо од алфата, која беше за 50% позаразна од оригиналната варијанта на вирусот, што значи дека новата варијанта е 75% позаразна од оригиналната – вели тој.

Првиот случај на инфекција со делтата варијанта беше идентификуван во декември 2020 година и се рашири за брзо време за да стане доминантен во Индија, а потоа и во Велика Британија. До крајот на јуни, делтата веќе претставуваше повеќе од 20 проценти од случаите на инфекција во САД.

2. Што ако не ги вакцинираме децата?

Невакцинираните се изложени на најголем ризик. Децата и младите исто се причина за загриженост.

Неодамнешна студија од Обединетото Кралство покажа дека децата и возрасните на возраст под 50 години имаат 2,5 пати поголема веројатност да се заразат со делта-сојот – вели Инци Јилдирим, сперцијалист инфектолог, колешка на д-р Вилсон од Јеил.

Бидејќи вакцинирани се постарите возрасни групи, оние помлади и невакцинирани ќе бидат изложени на поголем ризик од заразување со болеста од која било варијанта на ковида-19 – додава таа.

3. Делта-сојот може да предизвика „локални жаришта“
Колку луѓе ќе бидат заразени со „делтата“ и колку брзо ќе се шири? Според д-р Вилсон, тоа зависи од фактот дали градот во кој живеете е вакциниран. На пример, ако е слабо вакциниран град, а е опкружен со високо вакцинирани градови, тогаш вирусот може да остане само во тој град. Тоа се нарекува „хиперлокално жариште“. Тогаш, локалниот здравствен систем на градот ќе биде преоптоварен и повеќе луѓе ќе умрат, објаснува докторот.

4. Симптомите се различни, ама вакцините штитат

„Се чини дека кашлањето и губењето на мирисот се поретки. А се јавуваат главоболки, болки во грлото, течење на носот и треска, врз основа на најновата анкета во Велика Британија, каде што (со делта) се заразени повеќе од 90 проценти од случаите“.

Вака изјавила колешката Јилдирим за симптомите на делта-сојот кои докрај не се истражени. Исто таа, уште не се знае дали делтата може да ги зарази тие што веќе се вакцинирани, или дали таа ќе го зајакне нивниот досегашен имунитет.

Вакцината Pfizer / BioNTech е ефикасна 88 проценти против симптоматско заболување и 96 проценти против хоспитализација од делта варијантата, додека вакцината AstraZeneca (која не е вакцина против mRNA) е 60 проценти ефективна против симптоматско заболување и 93 проценти против хоспитализација – ја толкува д-р Вилсон студијата на луѓе кои ги примиле и двете дози.

Податоците за ефикасноста на другите вакцини против делтата варијанта сè уште не се достапни, но некои експерти веруваат дека Модерна може да дејствува слично како Pfizer, бидејќи и двете се вакцини против mRNA.

5. Вакцината е сепак најдобра заштита од делта-сојот

Најдоброто што можете да го направите за да се заштитите од делта-сојот е целосно да се вакцинирате, истакнуваат лекарите. Ова значи дека мора да ги примите двете дози на вакцината. Дали делтата ќе ги натера антиваксерите да се вакцинираат?

Кога ќе се појават локални епидемии, стапките на вакцинација се зголемуваат – оптимист е д-р Вилсон.

Никој не знае со сигурност, но тоа е можно, објаснува тој, и ве советува за било какви прашања да разговарате со вашиот матичен лекар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.