Граѓаните што го почитувале христијанскиот пост да внимаваат колку ќе јадат и пијат за празниците, предупредуваат и лекарите и нутриционистите. Празниците не смеат да се искористат за да се надомести сето она што не се изело во претходните седум недели. Прекумерното јадење и пиење по пости може да бидат многу опасни за организмот.

Држете се до овие пет правила, кои ќе помогнат да се справите со прејадувањето

По малку од сè

Празничната трпеза е толку примамлива, што едноставно би било штета да се воздржувате од омилениот гурманлук. Но, тоа не значи дека треба да се прејадете, а токму тоа го прават многу луѓе. Научете да уживате во секој дел од оброкот, но бидете свесни за тоа дека секој залак се брои. Еве како многу луѓе размислуваат: кога веќе нездраво јадам, можам да јадам колку сакам. Но, ова не е исправно! Можете да уживате во гозбата, а притоа да не внесувате многу калории непотребно. На пример, една кришка бел леб содржи 135 калории. Воздржете се од лебот и веќе сте заштедиле доволно место за еден пијалок.

Бирајте паметно

Крем­-салатите (руска, францска, пилешка…) се најпримамливиот дел од гозбата, но воедно и кријат најмногу калории. Иако имаат толку здраво име, во нив често се кријат куп непотребни калории. На пример, 100 грама руска салата содржи 220 калории, исто колку и 100 грама свински бут. Затоа обидете се да јадете конкретни работи. Месото секогаш е добар избор, но и тука треба да се биде внимателен. Ако не можете да замислите гозба без прасечко печење, треба да знаете дека кртината нема да ви наштети, се додека ги избегнувате мрсните парчиња. Втора голема стапица се крие во разните преливи за месо, кои носат непотребни калории, а често се екстремно калорични. Уживајте во вкусот на вистинско месо и заборавете на преливите.

Ако сакате да изгледа дека јадете

Секогаш е глупаво чувството кога на вечера некој ќе каже дека води сметка за линијата и не сака да јаде или само да проба. Всушност, истражувањата покажуваат дека ова е една од најчестите причини зошто луѓето на крај попуштаат и се прејадуваат, под влијание на друштвото. Ние имаме решение за овој проблем. Ставајте многу малку во чинијата. Изедете го тоа, а потоа побарајте уште, тоа веднаш ќе остави впечаток дека уживате без размислување за калориите. Плус, ако се наоѓате на вечера која некој друг ја подготвил, домаќинката нема да се навреди, а вие дома ќе одите без допополнителни 1.000 калории.

Престанете на време

Постои еден стар трик за одржување на килажата во кој се колнат многу луѓе: престани кога ти е најубаво. Можеби звучи сурово, но ова е идеален начин да не се прејадувате. Добро, сметајќи дека ова сепак е празничен период, не мора да станете баш кога ви е најубаво, но затоа јадете полека за вашиот мозок да има време да свати дека сте сити. Не чекајте панталоните да ви станат тесни, станете откако ќе забележите дека ви е доста.

Десертите и алкохолот се вистински стапици

Ова за жал се стапици кои најтешко се избегнуваат, а со оглед на тоа дека е празник, не ги избегнувајте! Но, затоа правете паметен избор. Ако можете да изберете колачи, одлучете се за тие кои содржат овошје или кои делуваат лесно и воздушесто. Избегнувајте тешки кремасти торти, кои по правило имаат најмногу калории. Што се однесува до алкохолот, ако сакате да избегнете непотребни калории држете се понастрана од коктели. Тие често се полни со шеќери и слатки сокови, па се вистинска калорична бомба. Одлучете се за чисти пијалаци, чаша шампањ е 70 калории, чаша вино 80, а шот вотка 60 калории.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.