Речиси 35.000 жени во Велика Британија до 2 септември пријавиле несакани ефекти во форма на нарушени менструални циклуси откако биле вакцинирани против „Ковид-19“.
Покрај нередовните менструации, тие исто така пријавиле болни периоди, а за повеќето жени, се се вратило во нормала по еден до два циклуса. Пријавените проблеми се поврзани со вакцините Pfizer, AstraZeneca или Moderna, пренесува Daily Mail.
Сепак, британското медицинско списание BMJ посочува дека треба да се спроведат повеќе истражувања за да се потврди врската. MHRA ce уште не ја прифати врската помеѓу вакцините и менструалните нарушувања.
Д-р Викторија Мале, предавач по репродуктивна имунологија на Империјал колеџ во Лондон, истакнува дека промената во менструалниот циклус може да биде предизвикана од имунолошкиот одговор на телото на вакцината – исто како што е случај со ХПВ вакцината.
За повеќето жени, циклусот беше нормален уште следниот месец – истакнува д-р Мале и додава дека најважно е што нема докази дека вакцината против Ковид влијае на плодноста.
Но, пријавените 35.000 случаи може да бидат само врв на ледениот брег.
Доколку се потврди врската помеѓу вакцинацијата и промената на циклусите, луѓето ќе можат да планираат потенцијално нарушување на тој циклус. Јасни информации се важни за оние кои планираат бременост со помош на следење на циклусот или сакаат да го избегнат.
MHRA посочува на својата веб-страница дека ги испитува наводите дека вакцината предизвикува проблематични циклуси и неочекувано вагинално крварење. Сепак, тие наведуваат дека пријавените менструални промени се претежно минливи по природа.
Иако се непријатни, менструалните проблеми се многу чести и можат да бидат предизвикани од стресни животни настани, како и некои медицински состојби или лекови. Промени во менструалниот циклус, исто така, се пријавени по инфекција со „Ковид“, како и кај луѓе погодени од долг „Ковид“. Но, нема докази дека вакцината влијае на плодноста или способноста за раѓање деца – посочуваат тие.
Врската помеѓу вакцината и зголемениот ризик од спонтан абортус или раѓање на мртво дете ce уште не е испитана.
Бремените жени пријавуваат слични реакции на вакцината како и сите други, а жените и мажите кои ја примиле вакцината немаат променет квалитет на спермата или намалена шанса за успех на ИВФ.
Слични проблеми со циклусот се пријавени во САД, но научниците рекоа дека е рано да се потврди врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.