32 Годишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сѐ уште се опоравува. Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици.
Неговите пријатели од Муртино парите кои ги собрале откако го фатиле крстот ги донирале за Никола. Мара Новоселска, мајката на Никола на својот фејсбук профил напиша:
Бог се јави, за многу години празникот… А тебе Гоце Христоманов и на твоите другари едно големо браво и благодарност за вашата одлука парите донирани за крстот да ги донирате за Никола. Бог да ви дари среќа и здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.