Микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Фактор вели дека училиштата требаше да работат досега, учениците да бидат на настава, на отворено, а кога ќе дојде критичниот период кон средината на ноември да бидат распуштени.
Се загуби драгоцено време, мерките беа многу појаки на почетокот, а потоа наеднаш олабавени, што и не доведе во оваа ситуација со трицифрени бројки во текот на цело лето. Училишната година досега можеше да се одвива и немаше да има огромни ризици од зараза меѓу учениците. Според мене 1-ви октомври е доцна да почнат учениците да одат во школо, тие практично треба на 15-ти ноември да бидат распуштени, токму во оној критичен период за настинки и други респираторни заболувања присутни во текот на есенските месеци – вели д-р Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.