Заради топлото време, но и заради тоа што ни се случи со вториот, а посебно со третиот бран на коронавирусот, да ја вклучиме тука и вакцинацијата, нашето население на некој начин има имунитет на досегашните соеви. Ние не знаеме дали имаме и колку имаме имунитет против индискиот сој. Да се надеваме дека имаме, меѓутоа мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Дневникот на ТВ Сител.
И ако проф. д-р Даниловски, којшто е бард во епидемиологијата, кажува дека треба контрола на луѓето коишто доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите луѓе коишто одат на одмор во земји каде што постои делта-сојот, а комисијата тоа го игнорира, треба да објасни зошто тоа го игнорира. Дали овој човек(проф. д-р Даниловски) не знае што зборува или тие во договор со Владата и економските интереси носат мерки коишто не се баш оправдани од здравствен аспект?Нема логика ако кај нас има шест случаи дневно, а во Грција има 800. Ако Грција е петпати поголема, израчунајте дека тоа е како 30 наспроти 800. Значи, во Грција има 25 пати повеќе случаи на коронавирус отколку во Македонија, од кои 50 проценти се делта-сој. И сега што се случува? Тие нас нѐ тестираат, земја без случаи заболени од делта-сој, што е ненормално. А, кога се враќаат тука можат да влезат. Значи, 25 пати повеќе заболени, од кои половина се со делта-сој кој можат да ни го внесат кај нас. И Грците, и Србите, па и нашите коишто патуваат таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.