Делта сојот го дочекавме со сите почести, имавме неверојатно смирена состојба. Така прават Кинезите – кога немате случаи тогаш се преземаат мерки. Границите беа ширум отворени, во летно време се дозволи свадби по затворени простори. Делта сојот ќе се ширеше полека ако се презедоа мерки. Секако ќе го доживеевме ударот, ама немаше да мора да се отвораат модуларните болници, а и сега веројатно ќе имаме помал бран, изјави д-р Пановски за Утрински Брифинг.
-Кога има пандемија државата ја води државата, а не граѓаните. Наместо овие тестови со кои се тестираат здрави деца по училиштата да се испратат кај настинати деца ќе беше многу попаметно. Приватните лаборатории во меѓувреме се збогатија. Јас знам колку чинат тестовите и знам дека може да се работи со интерес со многу пониска цена. Ако ги симнеа цените во јуни лани, ЕК ќе ни ги дадеше тие пари. Вака, ни рекоа сте штеделе и еве ви помалку пари. Значи, нема финансиско оправдување за тоа. Излегува тој што има пари ќе се тестира и ќе го купи лекот, оти нема поента тестирање да ви закажат по седум дена, а лекот се пие во првите пет, вели д-р Пановски за Утрински брифинг.
Има протокол за лекување, но никој не го објавува, додава тој.
Мене ми го прати протоколот д-р Докиќ лани во ноември. Сега секоја болница има свој протокол. Д-р Докиќ вели дека смртноста во нивниот ковид центар е 25%, тогаш смртноста кај другите кој знае колкава е за да се дојде до 50%. Матичните лекари треба да престанат да даваат антибиотици со причина да не се спуштело на бели дробови. Мора да има образложение за примена на лек, а лекови на своја рака треба да се платат приватно и одговорноста е кај пациентот, предупредува д-р Пановски.
-Лекарската комора молчи, има сѐ уште инфектолози кои препишуваат антибиотик веднаш штом ќе дојде пациент. Исто е и со вакцинирање на прележани. Се даваат двојни токсични дози антибиотик. На 40.000 пациенти им дале 70.000 дози, а имало само 20.000 случаи. Ако за сето ова молчат стручните здруженија не ни се пишува добро, кометира д-р Пановски.
Се работи за огромна финансиска штета. Не морате прележани да ги терате да се вакцинираат по 45 дена, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.