Дека пандемијата на Ковид-19 има големо влијание врз менталното здравје на луѓето, покажуваат 71 самоубиство и 46. обиди за самоубиства од март до денеска, 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија, пишува весник „Ла Република“.
Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација доведоа и до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод 10 септември, Светски ден за спречување на самоубиство.
Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик од самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или за психијатриска терапија.
Депресијата е водечка причина за инвалидитет, бројот на депресивни лица расте во последните децении, па дури уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици – изјави Клаудио Менкачи, раководител на Одделот за ментално здравје во болницата „Фатебенефратели“ во Милано.
Италија е прва европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на целата територија, и излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.