Поради пандемијата од Ковид-19, можно е да чувствувате поголем стрес од порано, дури иако не сте свесни за тоа, предупредуваат докторите, додавајќи дека овој стрес може да влијае и на вашето физичко здравје.
Стресот може да влијае на менструалниот циклус – на нередовни менструации и други нуспојави. Секако, промените може да бидат и поинакви – да имате болки и промени во интензитетот на крварење.
Докторката Сара Толер, лекарка и авторка на апликацијата за женско здравје Clue во интервју за „Инсајдер“ објаснува дека прекумерното ослободување на кортизол, хормонот на стрес може да го поремети нормалното ниво на репродуктивни хормони што доведува до абнормална овулација којашто влијае на менструалниот циклус.
Треба да знаете дека стресот е виновник за каква било промена во вашиот менструален цикус, а не самиот коронавирус, објаснува Толер.
Жените се жалат дека сè почесто се соочуваат со дисменореја – болна менструација која е предизвикана од стрес.
Затоа, обидете се да ги практикувате активностите коишто ве прават среќни. Разговарајте со пријателите, излезете на прошетка во природа. Исклучете ги вестите, гответе, читајте книги и уживајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.