Германскиот виролог Карин Молинг предупреди во најновото издание на „НЗЗ Стандпункте“ зборува за активистите против вакцините и објасни како Кинезите се заштитуваат себеси со кондоми.

-Има многу работи што уште не ни се познати, вели Молинг. Иако научни публикации во моментов има премногу, не сите прашања се одговорени. На пример, има постари пациенти кои по една недела заминуваат од болница целосно здрави, додека други паѓаа по само неколку дена. Факторите кои придонесуваат за ширење постојано се дополнуваат. Загадувањето на воздухот во поголемите градови секако допринесува кон ова, вели Мулинг – и состојбата со домувањето има голем удел. Вирусот САРС се ширеше низ Кина во 2003 година, посебно во лифтовите на многуте висококатници. Оние кои живеат на 20-тиот кат не можат едноставно да одат пешки по скали, вели Муелинг. Тогаш, таа забележала ваков феномен меѓу Кинезите: многумина од нив купувале кондоми, не за сексуална употреба, туку за да ставаат на прстите кога ги притискаат копчињата во лифтот.

Но коронавирусот е друга категорија: „Јас искусив многу пандемии, но не мислев дека вакво нешто е возможно“, вели експертот. Вирусот е побрз и многи поинфективен отколку што првично се мислеѓе – 10 пати повеќе заразен од грипот. Ги надмина сите очекувања.

„Пандемијата ни се лизна од раце“. Како никогаш претходно, се смета за грешка тоа што луѓето се заклучија во своите домови. Луѓето мора да излегуваат на свеж воздух, вели таа. Тоа е поздраво, вели таа. Сонцето уништува многу вируси со својата ултравиолетова светлина, и воздухот ја разбива неговата концентрација. Во становите, ризикот поради тоа е значително повисок.

Но Молинг се залага за вирусите. „Ние ги гледаме само како носители на болести, но тие ја водат еволуцијата напред и се дел од нашето генетско наследство“. На пример, нашите клетки научиле од нив како се одбранат од вирусите. Фактот дека еден вид како што е човекот се подложува на сè, никогаш не постоел во историјата. Вирусите сега не принудуваат да размислиме. Тие ни покажуваат кој е главен. Само едно нешто што никогаш нема да го сторат – да не искоренат. Ако држиме дистанца, тие не фаќаат.

Дури и ако Молинг предупредува на претераните очекувања, таа сепак е задоволна од неодамнешните успеси. „Доаѓам од истражување за СИДА, ние не најдовме вакцина веќе четириесет години“. Вирусот ХИВ им бега на истражувачите со својата висока стапка на мутација. Со коронавирусот, тоа е различно. Мутира многу побавно. Затоа е можно вештачки да се произведуваат антитела и на тој начин да се заштити популацијата. „Се надевам дека ќе ја искачиме планината до крајот на следната година.

Интересно ќе биде убедувањето на скептиците кои ги има во многу голем број како да се вакцинираат. Молинг се надева дека публицитетот на луѓето ќе придонесе да се подигне вниманието за важноста од вакцинирање. Добар пример е Владимир Путин: тој ја покажа својата ќерка како се вакцинира од руската вакцина против корона. „Тоа им покажа порака на сите: Путин сака да си ја заштити ќерката“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.