Милијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс проценува дека пандемијата на коронавирусот ќе биде завршена до крајот на 2021 година, но само за „богатиот свет“, додека за останатите земји, таа ќе потрае.

Иновациите во дијагностиката, терапиите и развиваето на вакцините се импресивни. Затоа сметам дека, за богатиот свет, пандемијата би завршила до крајот на идната година, а за останатиот дел од светот до крајот на 2022 година, изјавил Гејтс.

Тој е уверен дека вакцината против ковид-19 ќе биде развиена, но поради низа потешкотии, вклучително – производството на истата, на почетокот ќе им биде достапна само на побогатите земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.