13 те пациентки на Клиниката за гинекологија и акушерство се негативни на
Ковид 19.

Засега на клиниката има само две позитивни бремени жени. Едната од нив била позитивна и на домашно лекување е во посебна соба, друга која пристигнала од Тетово поради ризичноста на регионот докторите самоиницијативно ја тестирале и тестот покажал позитивен резултат.

Четворица вработени се вратиле од самоизолација, засега во самоизолација се еден доктор и три сестри.

Нови случаи на ковид од болницата нема, претходните четворица од клиниката кои беа позитивни на корона се во добра состојба и се на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.