Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево одржа прес-конференција во Владата, каде извести за моменталната состојба на првата пациентка заразена со конравирусот во нашата држава, како и за останатите лица кои се наоѓаат во изолација.
Веќе трет ден пациентката нема температура, таа закрепнува, изминативе денови нема нови пациетни, карантинот се одвива добро, нема проблеми од страна на полицискиот надзор. Епидемиолозите се во редовен контакт луѓето кои што се во излоцаија- рече Филипче.
Имаме доволно количини тестови, будно се следи состојбата, вкупно 13 лица се тестирани и кај сите тестот е негативен.
На ГП „Табановнце“ се пристигнати 10 автобуси, сите патници се испрашани, даден и е да пополнат прашалник, немаме податок дека има некој заболен, ниту дека некој од нив бил во контакт со некој ризичен кој патувал во Северна Италија- рече Филипче.
Во текот на вчерашниот ден преку СЗО добивме информација дека во Мадрид еден од предавачите е потврдено дека е заболен од корнаворус, каде имавме двајца наши лекари кои престојувале таму на конгрес.
Лекарите денеска ќе бидат тестирани, а доколку се негативни тестовите, тие ќе останат 14 дена во домашна изолација. Тие напоменуваат дека немале никаков контакт со заболениот лекар- рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.