Забележени се низа случаи на лица со нарушен имунитет и заразени со коронавирусот, дека го шират вирусот многу подолго од вообичаеното. Новата студија објавена на научниот репозиториум medRxiv опишува интересен случај на една имунокомпромитирана пациентка постара од 70 години која дури 154 дена , односно полни пет месеци, го ширела коронавирусот, одно била заразна. Тоа било можно бидејќи во нејзиното тело во текот на толку долг период вирусот поминал низ бројни мутации.
Примероците од нејзиниот горен и долен дишен тракт, кои се земени пет месеци по почетната дијагноза на ковид-19, содржеле жив, размножувачки вирус, со вредности на низок праг на циклусот на ланчана реакција на реверзна транскриптиза-полимераза (RT PCR) и високо вирусно оптоварување, пишува Слободна Далмација.
Пациентката е примена во болница со дијагноза на ковид и со акутен респираторен дистресен синдром, а на одделот за интензивна нега останала се до нејзината смрт, пет месеци по доаѓањето во болница. Пред заразата со ковид пациентката се лечела од фоликуларен лимфом и веќе примила три циклуси хемотерапија., како и анти CD20 антитело обинитузумаб, кој ги исцрпува Б клетките.. Таа терапја ја завршила еден месец пред приемот во болница.
Во анализата на примероците и после 150 дена утврдено е дека пациентката во себе има вид на вирусот кои се дефинирани како мутации D614G , 3037, 14408 и 241, заедно со бришење на позицијата 28881 на нуклеокапсидата на антигенот. Други единствени мутации пронајдени во вирусот SARS-CoV-2 на таа пациентка ја вклучуваат и таа видена на југот на Германија помеѓу 26 март и 11 јули 2020.
Научниците претпоставуваат дека мутациите во британската варијанта на новиот коронавирус се појавиле кај пациентката со нарушен имунитет каде постојано доаѓало до нови воспаленија, а вирусот подолго време мутирал.
Се верува дека генетската различност се јавува кај домаќинот ако вирусот не е изложен на селективен притисок на имунолошкиот систем кај самиот домаќин или со лековити антитела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.