Министерството за здравство прави план, со кој, сите пациенти заболени од коронавирусот кои се лекуваат во болницата „8 септември” ќе бидат преместени на лекување во Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека целта е целосно да се ослободат капацитетите на ГОБ „8 септември“ за пациенти со други заболувања, иако и досега имаше патека за движење на лица кои немаат коронавирус.

Министерот соопшти дека и натаму останува на сила забраната, хронично болните да не одат на работа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.