Пациенти на дијализа и оние кои имале трансплантација, ќе бидат приоритетни за вакцинација и планот за нивното приоритетизирање ќе се направи до крајот на неделава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Се прават списоци врвно и прироитетно да се вакцинираат трансплантираните и пациентите на дијализа и верувам дека тоа ќе се заврши до викендот. Сите останати вработени во институциите се според планот за критична инфраструктура. Многу поголем број на вакцини има за постарите и хронично болни а еден помал дел за институциите, рече Филипче.
За другите хронично болни, приоритет нема да има според нивната дијагноза, туку ќе се чека да им дојде редот според возраста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.