Кој ја контролира употребата на стари медицински апарати кои ги зрачат пациентите и прават повеќе штета отколку корист. Дали некој ја мери и контролира зрачната доза на старите апаратите во македонските болници кои може да направат сериозни последици по здравјето на пациентите, пишува Фактор.
Во екот на медицински напредок и достапна технологија која снима со минимална зрачна доза и без несакани ефекти, македонските пациенти се осудени да се зрачат на медицински отпад, па наместо дијагноза може да добијат уште една болест.
Добро упатени извори од овој сектор за Фактор брифираат дека една приватна болница користи ПЕТ/КТ апарат произведен од 2005/2006 година, апарат стар 16 години кој се користи за откривање на метастази, а истовремено со високата доза на зрачење на апаратот може да предизвика карцином.
Зошто државата дозволила увоз на апарат за дијагностика постар од 10 години и дали државата свесно увезува медицински отпад ? Зошто досега не е направена контрола и не е издадена забрана за работа на ваквите нефункционални и штетни извори на зрачење.
Наместо здравјето на граѓаните, главна улога во одлуката каков апарат ќе се увезе игра цената на апаратите, а според нашите информации, ваквите стари и неупотребливи апарати се набавуваат по неконкурентно ниски цени од 20-30.000 евра, и притоа се затајува ДДВ и царина на истите. Ваквите ниски откупни цени на апаратите им дозволуваат на здравствените центри услугата да ја нудат за многу пониски цени за разлика од другите здравствени институции кои ја нудат истата услуга за повисока цена, но на современа безбедна опрема со минимално зрачење. Заради неинформираност, пациентите одбираат да платат „поевтина“ но значително многу поризична услуга за своето здравје, посочуваат изворите на Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.