На универзитетската клиника „Кеплер“ во Линц, пациент починал поради непрофесионално однесување на лекар, пишува дневниот весник „Оберестерајхис Нахрихтен“, а пренесуваат српските медиуми.
Во текот на операцијата на 77-годишен пациент, кој со хеликоптер бил донесен на клиниката поради напукнување на аорта, докторот кој го предводел и хируршкиот тим, за време на траењето на критичната фаза, ја предал интервенцијата на неговиот колега и ја напуштил болницата, бидејќи имал закажано друга операција во приватна клиника.
Откако главниот доктор си заминал, дошло до компликации и пациентот починал.
Шефот на одделот за коронарна хирургија, Андреас Цирер, за весникот изјавил дека не е вообичаено хируршката интервенција да се предаде на лекар-асистент за време на операцијата.
Тој најавил дека ќе бидат проверени деталите за околностите на тоа предавање, но тој истакнал дека стапката на морталитет во вакви постапки е многу висока и изнесува од 15. до 20. проценти.
Директорот на болницата, Фердинанд Валденгер, исто така, истакнал дека е нарачана истрага и дека хирургот е суспендиран сè додека не се реши ситуацијата. Во моментот, додава тој, нема индикации за професионална грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.