Јапонските научници дошле до сознание дека ниските концентрации на озонот можат да ги неутрализираат честичките на коронавирусот, што би можело да биде корисно за болниците да ги дезинфицираат просториите.

Научниците од универзитетот во Фуџита изјавија докажале дека озонот во концентрациите од 0,05 до 0,1 п.м., ниво што се смета за безопасно за луѓето, може да го уништи вирусот.

Пренесувањето на новиот коронавирус може да се намали со континуиран третман со озон со ниска концентрација, дури и во средина каде што луѓето се присутни, користејќи го овој вид истражување, рече научникот, Такајуки Мурата, откривајќи дека е особено ефикасно во услови на висока влажност  Озонот, еден вид молекула на кислород, познато е дека елиминира многу патогени микроорганизми, а претходните експерименти покажаа дека високите концентрации (1-6 п.м.) се ефикасни против коронавирусот, но се потенцијално токсични за луѓето.

Универзитетската болница Фуџита има формирано генератори на озон за да ја намали инфекцијата во просториите за чекање и простории каде лежат болните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.