Вечерва во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред со што започнува летното сметање на времето.
Според податоците на неодамна објавената студија во едно списание за научна психологија, денот после преминот во летно сметање на времето, федералните судии имаат тенденција да даваат во просек пет отсто затворски казни, отколку во неделата пред или после.
Научниците тврдат дека дури и помалите пореметувања на основа на спиењето можат да имаат значајни последици.
Нашата студија сугерира дека наглите, па дури и малите промени во ритамот на спиењето може да имаат штетно влијание, вели Амнит Санду од Универзитетот во Колорадо, чија студија на болнички податоци открила 25 проценти покачување на бројката на срцеви удари во понеделникот, еден ден по почетокот на летото сметање на време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.