Божиќ може да биде тежок, бидејќи пандемијата на ковид-19 не е завршена, предупреди водечки британски епидемиолог, повикувајќи ги луѓето да бидат внимателни и истовремено да примаат дополнителни дози од вакцината.

Премногу луѓе веруваат дека оваа пандемија сега е готова. Јас лично чувствувам дека претстојат неколку тешки зимски месеци и дека не е готово, рече епидемиологот Џонатан Ван Тем за Би-би-си ТВ.

Тој, меѓутоа, додава дека од однесувањето на граѓаните и од примената на дополнителните дози ќе зависи колку ќе биде тешка зимата.

Божиќ и навистина сѐ помрачните зимски месеци потенцијално ќе бидат проблематични“, изјави Тем.

Британскиот премиер Борис Џонсон во јули ги укина ограничувањата во Англија и порача дека планира да се избори со ковидот во текот на зимата, потпирајќи се на вакцинацијата, а не на задолжителното носење маски или затворања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.