Сите докотори советуваат да внесувате најмалку два литра течности дневно. Но, одделни пијалоци освен што го хидрираат организмот, благопријатно влијаат на организмот и се вистинска помош во детоксикација. Со редукција на храната, го стимулираат и губењето килограми.
За да се спречи дополнителното теложење на масни наслаги, посебно во овие празнични денови, стар рецепт е една лажичка јаболков оцет во мала чаша вода, наутро пред јадење.
„Силна“ лимонада се прави од еден лимон во чаша вода. А добра варијанта е и топла лимонада, посебно пред спиење. Може да додадете и чили, цимет и ѓумбир. Ова е одлична мешавина за детоксикација на организмот.
Се препорачува и студен чај со лимон и рузмарин. Во литро и пол вода која врие се додава еден исечкан лимон и 50 грама рузмарин. Се вари неколку минути и потоа се процедува кога е оладен. Се чува во фрижидер и секое утро се пие по 1 децилитар пред појадок.
Може да се напиете и лажичка цимет растопена во шолја топла вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.