Џарали Меткалф, американска наставничка на својот фејсбук профил сподели фотографии од експеримент кој го правела со своите ученици за да ја истакне важноста на миењето раце.
Таа сакала визуелно да им прикаже на децата колку е важно да одржуваат хигиена и редовно да се мијат, особено во сезона на настинки и грип. Со цел да покаже како се размножуваат бактериите, таа купила леб исечен на парчиња и спакувала пет од парчињата во кеси за замрзнување откако претходно со децата ги допирале на различен начин.
Едното парче го спакувале недопрено, друго го допреле со немиени раце, третото со раце премачкани со средство за дезинфекција, четвртото со раце измиени со сапун и вода, а петтото го допреле на лаптопите во училницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.