Никола Танчевски е основач на компанијата „Бизифај“ од Битола, која ќе остане запаметена како иноватор кој ќе го намали загадувањето на воздухот.

Компанијата создаде течен препарат, нано био-полимер од еколошки полимери од обновливи извори, кој ги апсорбира ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките и ја спречува нивната емисијата. Овие честички најчесто се резултат на прашина која се создава при изведување на градежни работи, површински ископ на руда, при изградба на патишта итн. Реализацијата на овој иновативен продукт беше поддржана на О2 Предизвикот од Фондот за иновации и технолошки развој.

Нашата визија е нано био-полимерот да се произведува во автоматизирани мобилни постојки со био реактори и екстрактори, кои ќе се лоцираат на територија која треба да се заштити од аерозагадување. Со ова се избегнуваат трошоците за транспорт и се произведува доволна количина која е потребна за заштита на саканата површина. Нашите тестирања покажаа дека овој био-полимер е драстично поефикасен и значително подолготраен од било кој продукт за делумна апсорпција на прашина. Замислете на гарадежна парцела или во РЕК Битола, каде што се создава огромна количина на прашина, наместо да прскате секојдневно со црево и цистерна со вода, го нанесувате овој продукт, тој ја апсорбира прашината, а истовремено ја стабилизира почвата од други влијанија. Откако полимерот ќе се зацврсти, креира слој од био-кора која не дозволува понатамошна ерозија и емисија на апсорбираните ПМ честички, вели Танчевски за „Иновативност“.

Целото интервју со Танчевски тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.