Ивица Јованоски од Кавадарци, син на Љубица Мишева – Јованоска, која на 6 мај доживеала мозочен удар, а полинала само 38 часа откако била примена во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид „Свети Еразмо“, е уште еден од армијата даночни обврзници на Република Македонија, кои минале низ голготата на македоското нефункционално и ужасно здравство.

Таткото на Ивица починал пред шест години откако на Клиниката за онкологија неколку месеци бил лекуван од рак на белите дробови за на крај да се востанови дека всушност боледува од рак на коски.

Ивица има само едно решение по смртта на родителите – да ја напушти оваа пародија од држава.

Ја пренесуваме неговата приказна во целост.

Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и сместувањето на телото на починатиот пациент. Ова е чист пример за тоа колку трула, скапана и ужасна држава сме и во која состојба ни е нефункционалното и ужасното здравство.
На видеото и на сликите е телото на мојата мајка која почина после само 38 часа од префрлањето во “специјализираната” болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид, која ми изгледаше по се како воопшто не специјализирана и ме потсетуваше како болница од некое село заглавена во 70тите. Можеби е специјализирана за негрижа и смрт?!

Мојата мајка Љубица Мишева Јованоска доживеа мозочен удар на 6ти мај оваа година и беа изведени две операции на мозок во државна болница во Скопје на клиниката за неврохирургија, после два месеца беше префрлена во пародијата од болница во Кавадарци, од каде беше бркана две недели додека претстојуваше таму и цело време бевме во конфликт со мороните од доктори и сестри од нервно да сме ја носеле дома или во дом не приморуваа, за на крај едвај да биде примена во Свети Еразмо – примањето беше припратено со половина час ужасна галама (не била за кај нив, тежок случај била, рани имала, а немаше), одбивност, ароганција од неколку од сестри, еден кловн доктор (Јоне Мицевски) и сето тоа пред очите на мојата мајка која беше свесна, во тешка состобја и чекаше околу три часа во ходникот на болницата за на крај да биде примена на оделение. Од кога беше примена мојата мајка на одделение во Свети Еразмо, почина после само 38 часа што ме наведува да мислам дека се ослободиле од неа. Од кога ме известија телефонски дека починала и кога дојдов не добив подетален одговор кои се причините за смртта освен што секој еден што го прашав ми рече ТЕЖОК СЛУЧАЈ БЕШЕ, што пак ме наведува дека се ослободиле од неа или дека направиле грешка со терапијата.

Еве до кој степен ни е стигнато нефункционалното и ужасно здравство.

Сакам да им се заблагодарам на доктор Роберт Шумковски и неговиот тим од клиниката за неврохирургија на државна болница во Скопје и анестезиолозите Васко Демјански и Александар Димитровски кои ја водеа мојата мајка додека претстојуваше во пародијата од болница во Кавадарци, кои ги праќаат од Скопје бидејќи во Кавадарци немаат анестезиолог. Луѓето се врвни професионалци и големи стручњаци во својата област.

Сите знаеме колку ни е труло и неефикасно здравството, не би му посакал на никој да го осети на своја кожа.

Да не почнам пак и за татко ми пред 6 години како го лечеа на онкологија од рак на бели дробови неколку месеци, за да испадне дека има рак на коски и да почине за неколку месеци.

ЈАС ЌЕ ЈА ИСКОРИСТАМ СЕКОЈА ПРИЛИКА И МОЖНОСТ ЗА ДА ЈА НАПУШТАМ ОВАА ПАРОДИЈА ОД ДРЖАВА! 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.