Нови измени во правилата – отсега матичните лекари задолжително ќе мора да го проверат вакциналниот статус на вашите деца кои се стари до 14 години. Сите пропуштени и невакцинирани деца, тие ќе имаат обврска да ги упатат директно на имунизација. Здравствените власти презентираа сет мерки за да го спречат ширењето на заразата со мали сипаници која е на повидок, а ова е една од нив. Сител извести дека во Скопје се евидентирани над 15 000 невакцинирани деца од 100 000 проверени картони. Истото сега треба да се направи и во целата држава. Ќе се вршат и едукации за безбедноста на вакцините како противудар на антивакциналните кампањи.

Ќе пратиме здравствени работници и во градинките и во училиштата кои еднаш месечно ќе одговараат на сите прашања и дилеми на родителите околу квалитетот на вакцините, нивната набавка и да бидеме транспаретни во тој дел се со цел да ги убедиме во тоа колку е неопходна вакцинацијата, изјави Александра Гроздановска, претседател на Комитет за имунизација.

Родителите покажуваат одбивност кон вакцинација, а статистиката тоа само го потврдува. Имено, во Радишани каде епидемија поради морбили е прогласена, до 25 овој месец, вакцинирани се само 16 дечиња во предучилишна возраст, додека 486 останале невакцинирани.

Вчера, епидемиолозите објавија дека морбилите се проширија и во Куманово и во Шуто оризирани каде регистрирале по еден заразен, но велат дека новите случаи не биле поврзани со тие во Радишани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.