Оториноларингологот од Дубровник, д-р Јуре Буриќ во пензија, од својата долгогодишна лекарска пракса има совет за кој вели дека е едноставен, достапен за сите и бесплатен.
Доволни се обична вода и една рака морска сол. Тој неодамна упатил писмо до актуелниот министер за здравство Вили Берош, во кое вели:
Кружат секакви препораки за испирање на устата со топла вода со сол и јаболков оцет, а не сакате да го послушате мојот совет, барем трипати дневно да се инхалирате над врела водена пареа во која сте ставиле една рака морска сол и една рака од билката калуна (лат.Calluna vulgaris). Доколку не можете да ја набавите билката, и не е толку важно.
На сето ова јас би додал 7-8 капки етерично масло од сладок пелин (Artemiissia annua), но и тоа не е толку важно. Ставете доколку имате.
Она што е важно се: температурата, влажноста и пристапноста до респираторниот тракт! На тој начин ќе ја можно е дури и да ја “избркате” короната од вашата уста, од носот и сите дишни патишта, па и од очите.
Со оглед на тоа што билките во овој момент и етеричните масла можеби не им се достапни на сите, доволни се само вода и сол и околу еден час дневно за инхалација.
Мене не ми е дојдено до рекламирање, моето име не мора воопшто да го споменувате. Но, одете во јавност со ова, за да ги информирате луѓето и да им помогнете.
П.С. Почитуван господине министре, Ве молам да не ми забележувате и ова да не го сфатите како критика на вашата работа, бидејќи заедно со сите членови на Владата на РХ правите врвна, пожртвувана и за пофалба вредна работа!
Ова е само мој мал глас верувајќи дека мојот совет и мојата препорака би можела да биде од корист на сите луѓе – и тоа не само во Хрватска, напишал д-р Буриќ.
Нудам 100% влага, а не 50%. Целиот свој живот пациентите со вирусна инфекција од било која етиологија ги лекувам со инхалации, аспирин, витамин Ц и најобичен морков, а не со антибиотик.
Морковот е богат со витамин А, а тој е најдобар заштитник на слузокожата која е предуслов за здрав живот. Бог на сите луѓе, и на најсиромашниот човек во Африка и на Бил Гејтс, им дарил ист климатизациски уред, а тоа е носот. Во Сибир на минус 50 доволно е вдишеш, а воздухот се изедначува со температурата на телото.
Во Сахара на плус 50, тој ќе го разлади, што не значи дека во овој мој случај, ако се инхалирате со водена пареа на температура помеѓу 50 и 70 степени, дека топлиот воздух нема да доспее до бронхиите. Тоа значи дека “короната ќе ја одвее ѓаволот.”
Овој вирус не може да издржи температура поголема од 40 до 50 степени – објаснува д-р Буриќ, лекар со 42 годишно работно искуство.
Како треба да се направи инахалицата? Пиењето на топла вода и испирањето само на устата не се оптимално ниту целосно решение. Коронавирусот не е проблем на дигестивниот, туку на респираторниот тракт.
Постапката е многу едноставна, а постои во традицијата на нашите баби кои за време на зимските настинки и вирози, се лекувале со токму такви инхалации, само што тие не ги нарекувале инхалации, туку тие се “каделе со врела вода”.
Во еден сад ставете околу 2 литри вода и ставете една рака морска вода. Кога водата ќе зоврие, тргнете ја од оган, ставете го садот на маса, земете еден голем пешкир кој ќе го префрлите врз глава и садот со водата која испарува.
Внимавајте на почетокот да не ве изгори врелата водена пареа! Вдишете длабоко о дпареата низ носот и издишете низ уста. После 10-тина такви вдишувања, направете обратно, исто толку пати низ уста, а издишувајте низ нос. И сè така повторувајте додека да излади водата.
Тоа може да трае 15-20 минути. Повеќето време држете ги отворени очите доколку можете. На овој начин ќе се ослободите од корона вирусот, кој според мое мислење, таквата температура од 60 и повеќе степени и влага од речиси 100%, не може да преживее на слузокожата од устата, носот или очите.
Ако тоа го спроведувате трипати дневно, короната нема да може да се размножува ниту да се закорени на вашата слузокожа.
Ќе и го оневозможите продирањето во вашите бронхии и белодробниот паренхим – објаснува д-р Буриќ и порачува: “Сите работи на овој свет се едноставни, само треба да се сетите на нив и логично да ги искористите.
Освен на министерот Берош. Буриќ писмото заедно со неговиот рецепт го испратил и на порталот Феникс магазин .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.