Луѓето со крвна група А се најподложни на зараза со коронавирус, додека оние со крвна група нулта се најотпорни, покажува резултатот од истражувањето на група кинески научници кој бил објавен на сајтот medRxiv.
Кинеските научници ги прегледале сите податоци на 2.000 пациенти од болницата во Вухан и Шенжен, вклучувајчи повеќе од 200 смртоносни случаи.
Според нивните податоци, меѓу жителите од Вухан, 34 отсто од нив имаат крвна група 0, 30отсто имаат крвна група А, 25 отсто имаат крвна група Б и 9 отсто крвна група АБ.
За да се дојде до овие податоци, научниците анализирале крв на 3.700 граѓани од Вухан кои не се заразени со коронавирус.
Од друга страна, најмногу заразени жители во Вухан, 38 отсто од нив имаа крвна група А, додека 26,4 отсто заболени имаат крвна група Б, а 25,8 отсто имаат нулта крвна група. Најмалку пациенти, 10 отсто, се оние со АБ крвна група.
Според тоа, истражувачите велат дека најзагрозени се оние со крвна група А, додека најотпорни се оние со нулта крвна група.
За да ја проверат својата теорија, тие направиле контролно истражување на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шенжен и добиле исти резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.