Иако податоците за влијанието на температурата врз ширењето на коронавирусот досега се различни, се чини дека неодамнешните истражувања во Грција покажаа дека вирусот помалку се пренесува во земјите со висока температура.
Студијата е спроведена од белодробната клиника на Универзитетот во Тесалија, на чело со пулмологот Константинос Јургулијанис како координатор и Уранија Коци како главен истражувач, во соработка со Центарот за интердисциплинарни истражувања на Националниот технички универзитет „Мецово“ во Атина и Одделот за бизнис администрација на Универзитетот во Патрас.
Откривме јасен ефект на температурата врз стапката на ширење на заболувањето, затоа што земјите со пониски температури и особено со просечна температура од 0 до 18 Целзиусови степени имаат побрза појава на нови случаи на КОВИД-19 на дневно ниво и поголем број на потврдени случаи во споредба со земјите со повисока просечна температура – изјави Јургулијанис за АНУ.
Според нашата анализа, влијанието на температурата не зависи од времето на избувнувањето на епидемијата и густината на населението, рече тој, додавајќи дека секако, конечниот број на случаи значително зависи од преземените мерки за да се спречи ширењето на вирусот, како и од системите за евидентирање во земјата.
Многу студии, рече професорот, укажуваат на тоа дека студот му помага на вирусот да преживее и да се шири.
Главните фактори кои ја поддржуваат теоријата за влијанието на сезоните во ширењето на вирусни епидемии се зголемувањето на синхронијата што го зголемува преносот, ранливоста на човечкото тело и стабилноста на вирусните честички во околината во текот на зимските месеци – рече тој.
Претходните студии покажаа дека, на повисоки температури, опаѓа периодот на преживување на коронавирусот што предизвикува појава на МЕРС и САРС-КоВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.