Здравствените работници Шели и Скот Бломгрен беа меѓу првите кои пристапија кон вакцинацијата против корона во САД. По примањето на втората доза од вакцината „модерна“, истото попладне стана јасно дека Шели има сосема поинаква реакција на вакцината.
Тој беше добро, а јас се чувствував како да умирам. Јас сум прилично силна и можам да се справам со болката, но ова беше страшно“, објасни Шели Бломгрен.
Таа вели дека се борела скоро два дена со, како што ги нарекува, најтешката болка, треска и замор што некогаш ги доживеала, додека нејзиниот сопруг отишол на работа и продолжил да се однесува како и обично. По два дена и таа беше добро и постепено беше заштитена. Симптомите и проблемите што ги опиша таа се чини дека се појавуваат во многу домаќинства во Америка, тврдат експертите.
Според извештајот на Центарот за превенција и контрола на болести, по примањето на првите 13,8 милиони дози, извештаите за несакани ефекти покажуваат дека истите се почести кај жените. Дури 79 проценти од пријавените несакани ефекти се кај жени, иако само 61 процент од вакцините им биле дадени на жени.
Честа појава
Резултатите од студијата не се толку загрижувачки за експертите за заразни болести. Тие посочуваат дека посилна реакција кај жените на други вакцини била забележана пред неколку години.
Што е причината?
Експертите претпоставуваат дека кај жените, особено кај жените во менопауза, нивоата на естроген се одговорни за активирање на имунолошкиот одговор за време на вакцинацијата. Мажите имаат повеќе тестостерон, хормон кој може да ја забави и намали реакцијата.
Едноставно кажано, жените имаат поголема веројатност да имаат посилни реакции на вакцината, бидејќи нивното тело е побрзо и посилно кога станува збор за активирање на она што вакцината го става во организмот.
Заразните болести генерално се поврзани со реакцијата на имунолошкиот систем на вирусот“, вели д-р Лери Шлезингер, претседател и шеф на медицинскиот институт во Сан Антонио, истакнувајќи дека зад тоа стои „многу наука“. Во минатото, вели тој, многу подобро и поинтензивно се следела посилната реакција кај жените кога станува збор за вакцините против грип и други болести.
Шлезингер верува дека естрогенот испраќа сигнали до телото за производство на повеќе Т-клетки, кои нè штитат кога вакцината ќе се претстави во организмот.
Како да се справите со реакцијата?
Предизвик за научниците е како да ги споделат овие информации без да создаваат паника или да ги натераат жените да одбијат вакцинација.
Д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести на универзитетот Вандербилт, додава дека ова е феномен што не е доволно проучен, иако е познат подолго време. Тој ги моли жените да разберат дека ова е краткотраен симптом за кој не треба да се одбива вакцинирање.
Ковид-19 е болест што може да донесе сериозни компликации, а вакцината е важна алатка за превенција на болести, но и компликации“, вели Шафнер и додава дека треба само да се засукаат ракавите и да се прими вакцината затоа што вакцините се ефикасни и треба служат како заштита и осигурување дека животот може да се врати во нормала.
Бломгрен вели дека и покрај реакцијата, никогаш не зажалила што се вакцинирала против ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.