Новиот коронавирус носи низа симптоми кои влијаат на различни делови од телото, а сега лекарите откриле шест типа на болести или кластери што можат да утврдат на кого прво ќе им треба хоспитализација и употреба на механичка вентилација.

Резултатите од новата студија од Кралскиот колеџ во Лондон потврдија дека некои луѓе припаѓаат на една од шесте групи што може да бидат показател дали им е потребна хоспитализација.

Така, научниците ги класифицирале пациентите во шест различни кластери за да можат подобро да утврдат но кои ќе им биде потребна хоспитализација прво.

Секој од нив е придружуван од група на симптоми:

– симптоми слични на грип, но без висока температура: главоболка, губење на чувството за мирис, болки во мускулите и градите, кашлање, болки во грлото;

– симптоми слични на грип со висока температура: главоболка, губење на чувството за мирис, кашлање, болки во грлото, засипнатост, губење на апетитот;

– гастроинтестинални симптоми: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, пролив, болки во грлото, болки во градите, отсуство на кашлица;

– тешки симптоми од прво ниво: главоболка, губење на чувството за мирис, кашлање, висока температура, засипнатост, болки во градите, исцрпеност;

– тешки симптоми од второ ниво: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, кашлање, висока температура, засипнатост, болки во грлото, мускулите и градите, исцрпеност, конфузија;

– тешки симптоми од трето ниво, абдоминални и респираторни: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, кашлање, висока температура, засипнатост, болки во грлото, мускулите и градите, исцрпеност, конфузија, краток здив, пролив, болки во стомакот;

Пациентите со тешки симптоми, последните три типа, треба да бидат хоспитализирани.

Истражувачите користеле алгоритам за машинско учењеза да помогнат во анализирањето на различните извештаи на над 1.600 британски и американски корисници на апликацијата.

Испитаниците биле позитивни за ковид и ги пријавуваа своите симптоми редовно користејќи ја апликацијата од март.

Студијата на тој начин покажа колку е потребно за едно лице внимателно да ги следи нивните симптоми и да може да утврди на кој кластер припаѓа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.