За коронавирусот и болеста ковид-19 секој ден сè повеќе се дознава, што не изненадува, бидејќи станува збор за потполно нов вирус, досега непознат за науката.
Постојат три благи симптоми на коронавирус кои се сосема атипични, како и конјунктивитисот. А, како што известуваат стручњаците од француското Национално здружение на дерматовенеролози, сè повеќе има случаи со невообичаени симптоми, кои немаат никаква врска со респираторните симптоми.
Еден од тие симптоми се ненадејни црвени дамки на кожата, како изгореници од коприва. Лекарите забележале и честа појава на промени на кожата во форма на лажни смрзнатини. Во моментот, научниците од Националното здружение на дерматовенеролози сè уште размислуваат за овие симптоми и не изразуваат конкретни ставови и проценти.
Покрај тоа, како што известува „Тајм“, некои пациенти доживуваат невролошки симптоми како конфузија и збунетост, како и боцкање во екстремитетите. Кај поодделни случаи се појавуваат сите симптоми на срцев удар, но без затнати артерии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.