Причината за Алцхајмеровата болест, како што пишува „Њу сајентист“, најверојатно, е пронајдена. Тоа се бактериите Porphyromonas gingivalis, кои се клучни причинители кај повеќето хронични заболувања на мозокот.
Добрата вест е дека кој кој ги блокира основните токсини на бактеријата, ќе биде подложен на клинички тестирања годинава. А, истражувањата објавени на 23 јануари 2019 во списанието „Сајенс адвенс“ покажуваат дека лекот може да го запре, па дури и да го преобрати процесот на развојот на Алцхајмеровата болест. Тоа може да значи и создавање вакцина.
Имено, научен тим од Мелбурн веќе разработил експериментална вакцина против Porphyromonas gingivalis, којашто веќе мина дел од тестовите во 2018 година.
Една вакцина против заболувањата во мозокот е добредојдена, но ако таа дејствува и против Алцхајмеровата болест, придобивките ќе бидат огромни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.