Нов вид на коронавирусот со зголемена отпорност на антитела е идентификуван во дом за стари лица во Кентаки, каде веќе се заразени 45 корисници и вработени, пренесуваат медиумите во светот.
Новиот вид, кој потекнува од Јапонија, е познат како „Р.1“ и содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот пренос, размножување и имунолошка супресија, изјавија научниците.
„„Р.1“ треба да се следи. Утврден е во Јапонија и САД“ – напиша експертот за заразни болести, Вилијам Хаселтин.
Новиот вид на вирусот САРС-КоВ-2 е откриен откако ФДУ одобри вакцини за лица постари од 65 години и за други загрозени групи.
Од Агенцијата додаваат дека загриженоста од заразниот делта- сој значи дека е неопходно да се забрза вакцинацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.