Според најновото истражување на „Империал колеџ“ од Лондон, 11,8 отсто од 841 секвенционирани позитивни примероци покажуваат присуство на подваријанта на коронавирусот ( AY.4.2.)
Според британските власти, овој нов вид на вирус се шири побрзо од претходните соеви, а научниците истакнуваат дека во истовремено има се помалку симптоматски заболувања.
Анализата на истражувањето наведува дека при инфицирање со овој нов сој, ретки се типичните симптоми на коронавирусот, како што се губење на чувството за мирис и вкус, температура и кашлица.
Авторот на истражувањето, Пол Елиот, изјави дека генерално е добро што има се помалку и помалку симптоми, додека научничката Кристел Донели за телевизијата Скај изјави дека засега не е можно да се процени како оваа подваријанта на коронавирусот ќе влијае врз натамошниот тек на пандемијата.
Помалку симптоматски случаи значат дека и помалку заразени случаи ќе бидат препознаени, а, од друга страна, исчезнувањето на симптомите, како кашлицата, може да го намали ризикот од инфекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.