Научниците открија дека осипот на кожата може да биде важен симптом на зараза со корона вирус.
Ковид-19 како болест на горниот респираторен систем главно резултира со сува кашлица, болка во грлото, чувство на студ и слабост. Сепак, покрај тие основни симптоми, оваа вирусна инфекција има и некои секундарни симптоми како што се конјунктивитис, главоболка, губење на чувство за мирис и вкус, а најновите истражувања појкажуваат дека во оваа долга листа на симптоми треба да се додаде и осип на кожата.
Во различни делови на светот се спроведени неколку студии со цел да се испита дали осипот на кожата може да биде симптом кај пациенти заразени со корона вирус. Според студијата спроведена од дерматолози во Ломбардија, 18. од 88. пациенти со корона вирус прегледани во болницата развиле осип по инфекцијата со вирусот.
Друга студија спроведена од „Кингс колеџ“ во Лондон, исто така, јасно укажа на осипот како симптом на корона вирусот. Според истражувачите од овој универзитет, вирусот прво се појавува на кожата на некои луѓе, како и на оние кои не развиваат други симптоми. Научниците тврдат дека осипот на кожата треба да се сфати сериозно и веднаш да се третира.
Тешко е јасно да се наведе и препознае како изгледаат осипите во случаите на Ковид-19, бидејќи тие се разликуваат едни од други. Некои имаат осип како коприва, други имаат осип што личел на варичела или во форма на рамни и шарени траги.
Научниците предупредуваат дека не постои стандарден начин да се направи разлика помеѓу осипите предизвикани од вирусни инфекции и другите здравствени проблеми. Само со еден поглед, ништо не може да се предвиди. Затоа, инфекцијата со Ковид може да остане недијагностицирана кај пациенти подолго време, особено во асимптоматски случаи.
Сепак, сознанието дека осипот на кожата е можен симптом на Ковид-19, не треба да го сфаќаме тоа лесно. Ако забележите некој осип на кожата, разговарајте со вашиот лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.