Министерството за здравство информира дека резултатите на сите кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус.
Претпладнево на корона вирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација.
Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре, соопштија од Министерството за здравство.
Попладнево на Седница на Владата ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за коронавирусот. За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на Седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.