Иако пушењето се смета за главен виновник во 85% од случаите на рак на бели дробови, оваа опасна болест ги погодува и непушачите.
Повеќето пасивни пушачи всушност не се ни свесни за ризикот и кога ќе се појават првите симптоми, не им ни паѓа на памет да одат на лекар.
Британските лекари во медицинското списание Royal Society of Medicine предупредуваат дека препознавањето на првите симптоми е пресудно за да се открие опасната болест на времe.
Дури и кога кашлицата е посилна и поинтензивна од вообичаено, многумина мислат дека тоа е последица на настинка или воспаление, па не одат на детални прегледи.
Симптоми:
Кашлицата не престанува ни по две до три недели
Кашлицата се влошува
Инфекции на градниот кош
Искашлување крв
Болка за време на дишењето и кашлањето
Честа задишаност, дури и без голем напор
Постојан умор и недостиг на енергија
Губење апетит и ненадејно губење тежина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.